Кражба на акумулатори од железница во Битола – штета над 10 милиони денари
ражба
СВР Битола поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство против четири лица од Ресен, Битола и Охрид, поради тешка кражба и прикривање украдени предмети, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Според МВР, М.М. (39) и И.Б. (19), двапати во периодот од 1 февруари до 23 април 2025 година извршиле тешка кражба на делницата од Битола до село Кременица, одземајќи поголема количина акумулатори од сопственост на ЈП за железничка инфраструктура – Железници на Северна Македонија.
Д.Н. (29) од Битола и М.Џ. (27) од Охрид ги откупиле украдените акумулатори за одредена сума, иако знаеле дека потекнуваат од кривично дело, без да го пријават случајот во полиција.
Предизвиканата материјална штета се проценува на 10.606.746 денари. На прво и второпријавениот судија на претходна постапка им одреди притвор од 30 дена.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кражба на акумулатори од железница во Битола…
ражба СВР Битола поднесе кривична пријава до…
Германија ја стопира воената помош за Израел…
Германија нема да одобри никакви извози на…
Азербејџан и Ерменија потпишаа декларација за траен…
Во Белата куќа беше потпишан мировен договор…
Нема да ја дадеме нашата земја на…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски реагираше на најавата…
Спортскиот центар Борис Трајковски правно неактивен и…
Државната „Борис Трајковски“ ДООЕЛ Скопје, сопственик на…