Раде Штекли имал имагинарен учител, тврди неговиот вештак психијатар за обвинетиот за дрога и насилство
Повторно е одложено судењето на Раде Трајковски Штекли, обвинет за трговија со дрога поради спротивставени вештачења за неговата психолошка состојба. Трајковски-Штекли облечен во бела кошула за првпат седна на обвинителната клупа и го слушаше вештачењето на неговиот психијатар кое го читаше судијата Иле Трпков и личеше на сценарио за паранормален филм со имагинарен главен лик.
-Пред три години, Трајковски почнал да се повлекува од средината и имал окултни активности и имагинарен учител кој го подучува на патот на вечниот живот. Овие бизарни активности потполно го преокупираат со идеи на прогон и поставил камери во живеалиштето и настаните ги толкува како: албанската мафија и полицијата се здружиле против него и го прогонуваат. Имал визуелни акустични халуцинации и страда од психотично растројство со шизофрени карактеристики, беше прочитано денеска во судот, делот од психијатриското вештачење со кое се тврди дека Штекли не може да го следи судењето.
Вештачењето пак на обвинителството направено во болницата во Бардовци е спротивно и има заклучок дека „обвинетиот може да го следи судењето, расудува и е пресметлив.“ Судот ги повика вештаците на наредното рочиште за да ги објаснат своите наоди по што ќе следува одлука дали Трајковски е способен за судење на кое е обвинет за трговија со дрога и како организатор на злосторничко здружение.
Истрагата за Штекли и неговата група траела речиси една година и првично биле опфатени 16 лица, но седум од нив склучиле спогодби по што добиле затворски казни од 3 до 3,5 години. 4-ца од останатите обвинети денеска најавија признание на вина.
Раде Трајковски Штекли успеа двапати да преживее обид за убиство врз него, и двапати тоа се случи во Ист Гејт мол. Во вториот беше погоден, но немаше сериозни повреди и преживеа. Двата случаи не се расветлени. Потоа беше фрлена и бомба во дворот на неговата куќа во скопска Керамидница.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Раде Штекли имал имагинарен учител, тврди неговиот…
Повторно е одложено судењето на Раде Трајковски…
Високи тропски температури над 40 степени следната…
Балканскиот регион е погоден од нов топлотен…
Ако продолжиме вака ќе останеме без вода:…
ЈП Водовод и канализација – Скопје апелира…
Група Срби на протест пред куќата на…
Групи граѓани се собраа вечерва пред Музејот…
Запленети чадори и лежалки – полицијата на…
Општина Касандра, со помош на грчката полиција,…