Не запираат реакциите за настанот во Демир Хисар: Се огласија и професорите Дескоски и Калајџиев
По инцидентот во Демир Хисар во кој се извршуваше претрес на директорка која беше со покачен притисок онеспособена да се движи, се огласија правниците и експертите во правната сфера со коментари на инцидентот.
Професорот Гордан Калајџиев рече дека никој не смее да биде однесен со сила на информативен разговор.
„Никој не може со сила да се однесе на информативен разговор!“, напиша тој.
Професорот Тони Дескоски со пофални зборови за адвокатот.
„АДВОКАТИТЕ се главниот бастион за одбрана на слободата и правдата од САМОВОЛИЕ.
Денес гледаме пример за вечерашното постапување на адвокат кој е гордост за професијата“, напиша тој.
Поранешниот обвинител Војо Димоски пак, вели дека не е изненаден од тоа што се случило.
„Како некој што поминал повеќе од десет години од кариерата како јавен обвинител не сум изненаден од нивото на началникот на полицијата во Демир Хисар. Исто така не сум изненаден ни од нивото на Јавниот обвинител со кој истиот се консултираше по телефон и добиваше насоки кои се најблаго речено на работ на законот, па и надвор од законот. Она што ме изненадува е дека оваа власт која доби силен мандат од народот меѓудругото за средување на состојбата во правосудниот систем не само што не расчисти со таквите кадри туку напротив покажува голем афинитет кон т’пи но послушни началници, судии и обвинители“, напиша тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Не запираат реакциите за настанот во Демир…
По инцидентот во Демир Хисар во кој…
Зеленски изјави дека состанокот на советниците за…
– Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека…
Илјадници на протест во Тел Авив по…
Илјадници луѓе излегоа на улиците на Тел…
Раде Штекли имал имагинарен учител, тврди неговиот…
Повторно е одложено судењето на Раде Трајковски…
Високи тропски температури над 40 степени следната…
Балканскиот регион е погоден од нов топлотен…