Средба без зборови, молк по состанокот на министерот Дурмиши со трговците и увозниците – дел од експертите предлагаат цените да се замрзнат една година
Да се замрзнат цените на период од една година, предлагаат дел од експертите. И тоа не само во малопродажба, туку и во големопродажба и дистрибутивните, а ограничувањето да биде на нивото од март, април кога инфлацијата се движеше околу 3 отсто. Според, дел од познавачите само така владата ќе успее да ја сузбие инфлацијата која забрзано расте.
-Замрзнувањето на цените апсолутно е ефективна мерка, но треба да биде на сила подолго време. Се друго ќе биде лош циркус, кој го гледавме многупати изминативе неколку години и од претходната и од оваа влада за кој цехот на крајот повторно ќе го платат граѓаните, особено оние посиромашните. Во март и април кога беа ограничени цените инфлацијата падна под 3 отсто. Кога се укина замрзнувањето скокна на 5 проценти, изјави Бранимир Јовановиќ, Виенски институт
Од друга страна пак од институтот Фајнанс Тинк сметаат дека инфлацијата сега не е предизвикана од храната, туку од поголемото трошење на граѓаните. Ако се носат мерки предлагаат тие да не бидат во насока на ограничување на цени затоа што ефектот е краткорочен.
Синдикатите бараат мерки итно да се донесат. Велат секој ден поминат без некаква интервенција може да донесе дополнителен скок на цените.
Во меѓувреме проблемите со инфлацијата се решаваат со предупредувања. Министерот Дурмиши вчера на средба ги повика трговците и увозниците на пијалаци, храна, овошје зеленчук за како што рече за последен пат да ги опомени да не манипулираат со цените. Што точно се зборувало, кој би ставот на трговците и увозниците остана мистерија. Детали за средбата нема. Освен еден краток фејсбук статус со фотографии од министерот Дурмиши во кои стој дека се разговарало за цените и потребата да се стабилизираат. Дека инфлацијата се следи и ако имало скок ќе се воведат ригорозни мерки, нешто што постојано се споменува без конкретно да се каже за што станува збор.
Претходно од Владата неколку пати најавија дека мерки против високите цени ќе има многу скоро.
Последно се чекаше да се видат бројките за инфлацијата за јули, па да се одлучува што ќе се прави. Последните податоци пак на статистиката пак покажаа инфлацијата од 4, 8 отсто во јули во однос на јули лани. За една година најмногу поскапела храната, но поскапел и транспортот, здравствените услуги, културата рекреацијата.
Ако пак се погледнат бројките од Еуростат може да се види дека земјите од еврозоната имаат пониска годишна стапка на инфлација од онаа кај нас и во најголем дел од државите е околу 3 отсто. Со повисок процент се Естонија и Хрватска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Средба без зборови, молк по состанокот на…
Да се замрзнат цените на период од…
Во случајот со Алказар Енерџи, ниту бил…
Предизборни „Потемкинови села“ на власта или вистинска…
Честито… Наместо најавените 7, Македонците ќе плаќаат…
Европската комисија објави дека цената на ETIAS…
Возел пијан и без дозвола – тешка…
Против 57-годишен жител на селото Трубарево, Основното…
Пронајдено телото на бугарскиот нуркач кој исчезна…
Телото на 52-годишен бугарски државјанин, кој исчезна…