И натаму се трага по исчезнатиот Бугарин кој нуркал длабоко во Охридското Езеро, не е точно дека вчера бил најден
И натаму се трага по исчезнатиот Бугарин кој нуркал длабоко во Охридското Езеро, не е точно дека вчера бил најден.
Исчезнатиот 52-годишен бугарски државјанин се уште не е пронајден, вели портаролот на СВР Охрид, Стефан Димовски за „Скопје1“. Тој посочи дека не се точни информациите кои биле пласирани во јавноста дека уште вчера било пронајдено безживотно тело. Тој посочи дека и во текот на денешниот ден, ќе се трага по исчезнатото лице.
„Се уште се води како исчезнат. Во текот на денешниот ден ќе бидат преземени одредени активности со цел на пронаоѓање“, вели портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
По бугарскиот државјанин се трага втор ден, откако вчера околу 13 часот, исчезнал при нуркање на длабочина од 89 метри во водите на езерото. Во потрагата се вклучени Езерската полиција, Црвен крст и нуркачи од клубот „Амфора“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
И натаму се трага по исчезнатиот Бугарин…
И натаму се трага по исчезнатиот Бугарин…
Стармер и Макрон ветија дека ќе работат…
Британскиот премиер Кир Стармер и францускиот претседател…
Средба без зборови, молк по состанокот на…
Да се замрзнат цените на период од…
Во случајот со Алказар Енерџи, ниту бил…
Предизборни „Потемкинови села“ на власта или вистинска…
Честито… Наместо најавените 7, Македонците ќе плаќаат…
Европската комисија објави дека цената на ETIAS…