Во израелски напад во Газа загина екипа на Ал Џезеира – дописникот бил терорист, тврди Израел
Ал Џезира во неделата вечерта објави дека пет члена на нивната новинска екипа, вклучувајќи и еден добро познат дописник, биле убиени кога израелската армија „нападнала“ шатор што го користеле во градот Газа.
„Новинарот на Ал Џезира, Анас ал-Шариф, беше убиен заедно со четворица колеги во целен израелски напад врз шатор“ што го користеле пред болницата Шифа синоќа, објави катарската телевизиска мрежа.
Според истиот извор, вкупно седум лица беа убиени во нападот.
Анас ал-Шариф и Мохамед Курајка, новинари, како и Ибрахим Захер, Мохамед Нуфал и Моамен Алива, сниматели на Ал Џезира, се меѓу жртвите, соопшти телевизијата.
Израелската војска потврди дека го нападнала Анас ал-Шариф, опишувајќи го како млад „терорист“ кој „се претставувал како новинар“. Тие преку Телеграм објавија дека „извеле напад насочен кон терористот Анас ал-Шариф, кој се претставувал како новинар на Ал Џезира“, тврдејќи дека „тој бил водач на терористичка ќелија на терористичката организација Хамас“, одговорна „за подготовка на ракетни напади против израелски цивили и војници“.
28-годишникот беше една од најпознатите личности меѓу дописниците на мрежата на арапски јазик во Појасот Газа, известувајќи за војната што избувна на 7 октомври 2023 година, како одмазда за невидениот напад на военото крило на палестинското исламистичко движење Хамас врз Јужен Израел.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нетанјаху најави војна до целосно уништување на…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на прес-конференција изјави…
Ердоган: Одлуката на Израел за воена контрола…
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во телефонски…
Грчки авиони исфрлиле 8,5 тони храна во…
Два авиони на грчкото воено воздухопловство утрово…
ОН го повика Израел да се откаже…
Високиот комесар на ОН за човекови права,…
Израел демантира: Не е точно дека Трамп…
Известувањата дека американскиот претседател Доналд Трамп му…