Можно е Зеленски да присуствува на состанокот Трамп-Путин во Алјаска
Амбасадорот на САД во НАТО, Метју Витакер, синоќа изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски би можело да присуствува на самитот меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин во Алјаска в петок.
„Да, дефинитивно мислам дека е можно“, одговори американскиот дипломат во НАТО на прашањето на CNN за можната посета на украинскиот претседател на Алјаска, каде што Трамп и Путин треба да се сретнат на 15 август.
„Секако не може да има договор освен ако сите вклучени страни не го потпишат. И, очигледно, апсолутен приоритет е да се стави крај на војната“, нагласи Витакер. Лидерите на Европската Унија и европските сили вчера инсистираа дека и официјален Киев треба да учествува во преговорите меѓу САД и Русија.
И Володимир Зеленски ги повика своите европски сојузници, вклучувајќи ги Франција, Германија и Велика Британија, кои исто така се исклучени од овие преговори, да дефинираат заеднички пристап. „Вонреден состанок“ меѓу министрите за надворешни работи на ЕУ и нивниот украински колега преку видеоконференција е закажан за понеделник.
Но, на крајот, одлуката за учеството на Зеленски во преговорите ќе ја донесе Доналд Трамп, предупреди американскиот амбасадор.
„Ако мисли дека поканата на Зеленски е најдоброто сценарио, тогаш ќе го стори тоа“, рече Витакер. Но, „сè уште не е донесена никаква одлука“, нагласи американскиот дипломат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Можно е Зеленски да присуствува на состанокот…
Амбасадорот на САД во НАТО, Метју Витакер,…
„Немаме бекап систем, ако се изгасне главниот,…
Зголемувањето од 12% на бројот на прелети…
Четврта во Европа ама одзади: Македонија –…
Македонија се наоѓа на четвртото место меѓу…
Јасен не престанува да гори, осумнаесет пожари…
Утрово известување од ЦУК, се уште гори…
Гужва на Јужната граница – на Богородица…
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…