Објавено на:

Министрите за надворешни работи на ЕУ на видеоконференција ќе разговараат за Украина и Газа

t

Министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ плус највисоката дипломатка на блокот Каја Калас и највисокиот дипломат на Украина Андриј Шибига денеска ќе имаат средба преку видеоконференција за да разговараат за развојот на ситуацијата околу Украина пред самитот во Алјаска меѓу претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Доналд Трамп.

ЕУ ги зголеми своите контакти неодамна во контекст на најавената средба на Трамп со Путин, на која, како што изјави американскиот претседател, може да има договор за размена на територии за да се стави крај на конфликтот во Украина.

Дипломатите на ЕУ ќе разговараат и за ситуацијата на Блискиот Исток, особено во Појасот Газа.

Средбата меѓу Трамп и Путин е закажана за 15 август.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Двајца италијански техничари загинаа во Кувајт, Иран…

Двајца италијански државјани загинаа, а уште две…

Орбан ќе ги обединува националистите од цела…

Поранешниот десничарски премиер на Унгарија, Виктор Орбан,…

Уставниот суд го укина Колективниот договор и…

Уставниот суд утврди неуставност и донесе одлука…

Скопскиот регион учествува со 47,1 отсто во…

Скопскиот регион остварува најголемо учество во бруто-домашниот…

Блокиран патот Охрид-Скопје кај селото Ботун: Дрво…

Тв Сител јави дека е блокиран патниот…