Објавено на:

Вака се прави! Швајцарец мора да плати казна од 100.000 евра поради тоа што ја надминал дозволената брзина за 27 км/ч

t

Во Швајцарија, казните за пречекорување на брзината се изрекуваат според приходот на прекршителот , па затоа тамошниот суд донесе пресуда за прекршок во август 2024 година, според која маж мора да плати износ еднаков на 40 дневни заработки за пречекорување на ограничувањето на брзината за 27 км/ч во областа на Лозана, објавува списанието „Феникс“ .

Со оглед на тоа што е еден од 300-те најбогати Швајцарци, со имот вреден неколку стотици милиони франци, дневната казна му беше одредена на 2.000 франци. Покрај вака пресметаната казна од 80.000 франци, судот изрече и дополнителна казна од 10.000 франци. Вкупно – 90.000 франци – што е околу 95.500 евра.

Сепак, казната од 80.000 евра е условна – мултимилионерот мора да ја плати само ако го повтори прекршокот во следните три години, додека казната од 10.000 франци мора да се плати веднаш. Пред осум години, истиот милионер веќе беше казнет – тогаш со 60.000 франци и дополнителни 10.000 франци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Медузи ги запреа трите реактори на една…

Голем рој медузи предизвика привремено запирање на…

Судијата што се спротивстави на Орбан е…

Важи за еден од најценетите унгарски правници,…

Белорусија шверцува мигранти низ тунели до Латвија?

Латвиските власти открија тунел преку кој мигранти…

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче и Заев се главните…

СДС и актуелното раководство продолжуваат со лагите…

(Видео) Напад на полицајци со нож во…

Двајца француски полицијци синоќа биле повредени со…