Најдобрите кандидати кои се одбиени на наместен конкурс се потенцијална дијаспора
Вработување по однос на критериуми во државните институции е реткост за македонското општество. Партиската оценка при вработување е многу поважна од било кој критериум и степен на стручност којшто го поседуваат кандидатите. Ова го потврди послениот конкурс за стручно усовршување на офицери.
Министерството за одбрана јавно објави конкурс за 60 кандидати распоредени во различни служби, 74 лица успешно ги поминале сите селекциски фази вклучително и физички и медицински проверки. Сè до последен момент најуспешните кандидати биле во уверување дека се примени, согласно објавената потреба на конкурсот и ранг листа на примени. Но, со конечното Решение на министерот Владо Мисајловски, примени се само 29.
Од Левица се сомневаат дека 31 непополнета позиција е намерно оставена за подоцнежно пополнување преку посебен конкурс со спуштени критериуми и етнички клуч, мотивиран од ВРЕДИ откако ДУИ изрази незадоволство дека „нема доволно Албанци меѓу примените“.
Оваа постапка на Министерството за одбрана во која најдобрите кандидати се одбиени на конкурсот, членот на Президиумот на Левица Александар Симонов ја оцени како партиска политика и додаде дека со секој државен конкурс во којшто најдобрите кандидати се одбиваат, овие кадри најчесто се иселуваат од државата.
„Сите овие млади луѓе. неправедно одбиени иако најдобри на конкурс, за да се сместат мамините и татините штаботоми, партиите на власт од нив прават потенцијална дијаспора. Ова е една од неколкуте главни причини за трендот на негативна селекција и зошто младите се иселуваат, зошто нема да ги вратите иселените назад и зошто „СИСТЕМОТ“ нема да го биде.“
Тој додаде дека „’Системот’ се партиите на власт, а за ‘системот’ најдобрите се неподобни!“
Министерството за одбрана се обиде да ја демантира реакцијата на Левица, по што беа објавени списоците во кои се гледа дека најдобрите кандидати се одбиени на конкурсот, за што единствен изговор на Мисајловски беше дека кандидатите не го поминале „интервјуто“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Германски град препорача евакуација поради голем пожар…
Германски град во близина на белгиската граница…
„Вардарис“: Притвор за осомничен за транспорт на…
Основното јавно обвинителство за организиран криминал и…
ГЕРМАНИЈА ВО СЕПТЕМРИ НА ИЗБОРИ СЕ СООЧУВА…
Етаблираните партии, оние кои сега се власт…
Борот алепо повторно „дежурен виновник“ за пожарите…
Борот алепо повторно е посочен како „главен…
„Би-би-си“ откри скандал во Пакистан: Употребата на…
Болница во Пакистан користела исти шприцови за…