Јанев во Тетово по вчерашното убиство: Полицијата е целосно мобилизирана на терен, ќе испорачаме безбедност за сите граѓани
Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев денеска беше во посета на СВР Тетово каде оствари средба со раководството, на која детално ги разгледале сите околности и преземените мерки по вчерашниот вооружен инцидент, во кој беше одземен еден живот, а повредени се четири лица.
-Сакам граѓаните на Тетово и регионот да знаат дека полицијата е целосно мобилизирана и посветена таа е на терен, се преземаат сите активности со кои ќе ја гарантираме и испорачаме безбедноста за сите граѓани. Нема да дозволиме стравот и насилството на поединци да ја нарушат секојдневната сигурност и мирот во заедницата. Истовремено, на сторителите и сите кои мислат дека со оружје можат да решаваат спорови и несогласувања, им порачувам дека ќе бидат пронајдени, изведени пред лицето на правдата и санкционирани, дециден е Јанев.
Тој додава дека полицијата ги има ставено во функција сите потребни служби за да ги фати сите инволвирани во овој инцидент.
-Безбедноста е заедничка вредност и затоа ги повикувам сите граѓани на Тетово и насекаде низ државата да соработуваат со полицијата, да пријавуваат информации и заедно да изградиме средина во која нема место за криминал и насилство. Само заедно можеме да се спротивставиме на поединците и групите кои не споделуваат исти вредности со нас чесните. Македонија и сите нејзини граѓани заслужуваат мир и спокој, а ние сме тука да го испорачуваме, нагласи директорот на БЈБ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Камо среќа некој да изгради дата-центар во…
Државата има потреба од примарен национален дата-центар,…
ЕУ и НАТО најавија пожесток одговор кон…
Лидерите на Европската Унија и на НАТО…
Екс шефот на ЦИА го предупреди Западот:…
Дејвид Петреус, пензиониран генерал на американската армија…
Градоначалникот на Лондон казнет за неплаќање данок…
Градоначалникот на Лондон, Садик Кан, е прогласен…
(Видео) Германија тестира моќна балистичка ракета сред…
Германија успешно тестираше балистичка ракета произведена во…