Објавено на:

По два месеци борба почина колумбискиот претседателски кандидат кој беше застрелан за време на митинг

t

Колумбискиот конзервативен сенатор и претседателски кандидат Мигел Урибе Турбај почина денеска, повеќе од два месеци откако беше застрелан за време на предизборен митинг во западна Богота.

Неговата сопруга Марија Клаудија Таразона ја потврди смртта на Урибе (39).

Урибе Турбај беше тешко ранет на 7 јуни за време на предизборен митинг во главниот град на Колумбија, кога доби прострелни рани во главата и ногата.

Тој беше подложен на итна операција и остана хоспитализиран на интензивна нега до неговата смрт.

Еден осомничен тинејџер беше уапсен на местото на настанот, а властите оттогаш приведоа уште неколку лица.

Инцидентот повторно предизвика загриженост за политичко насилство во оваа јужноамериканска земја.

ЛИНК од видеото

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По два месеци борба почина колумбискиот претседателски…

Колумбискиот конзервативен сенатор и претседателски кандидат Мигел…

12 години домашен притвор за поранешниот колумбиски…

Поранешниот колумбиски претседател Алваро Урибе е осуден…

Колумбиски претседателски кандидат застрелан во глава за…

Колумбискиот претседателски кандидат Мигел Урибе Турбеј (39)…

Во Колумбија уапсена смртоносната „кукла“, 23-годишна девојка…

Колумбиската полиција ја уапси 23-годишната Карен Јулија…

Запленети рекордни 225 тони кокаин во Колумбија

 Полицијата во Колумбија во соработка со 62…