Објавено на:

Трамп го пролонгираше воведувањето царини против Кина

t

Засега е избегната ескалација на спорот за царините меѓу САД и Кина: САД го одложија воведувањето на царините кои ги најавија против Кина за уште 90 дена. Американскиот претседател  Доналд Трамп потпиша соодветен декрет, изјави во понеделник владин претставник, според новинската агенција Ројтерс.

Царините од над 100 проценти за стоките од Кина при увозот требаше да стапат во сила денеска, вторник. И Кина ги суспендира своите царини за американските стоки за 90 дена. Како што објави кинеското Министерство за трговија, Пекинг ќе ги задржи  царините за американските стоки  на 10 проценти и ќе преземе мерки за елиминирање на нецаринските трговски бариери за американските производи.

Трамп неодамна изрази  оптимизам за напредокот на разговорите.  Преговорите одат „доста добро“, изјави Трамп пред новинарите во Белата куќа во понеделникот, нагласувајќи го својот „многу добар однос“ со кинескиот претседател Ши Џинпинг.

Во меѓувреме, Кина вели дека се надева на „позитивни резултати“ во  спорот за царините. „Се надеваме дека САД ќе соработуваат со Кина за (…) да се постигнат позитивни резултати врз основа на еднаквост, почитување и взаемна корист“, изјави Лин Џиан, портпарол на Министерството за надворешни работи во Пекинг.

Претседателот на  САД воведе високи казнени царини за Кина на почетокот на април. Пекинг одговори со контрацарини, по што Трамп, пак, уште еднаш ги зголеми своите царини. Во еден момент,  нивото на меѓусебни царини достигна над 100 проценти.

Кон средината на мај, за време на разговорите во Женева, двете земји се согласија значително да ги намалат дополнителните давачки за почетен период од 90 дена. Овој договор теоретски би истекол на 12 август. Трамп се чинеше дека сака да постигне договор во последен момент. Во понеделникот вечерта, тој го повика Пекинг на својата онлајн платформа Трут соушл да го зголеми увозот на соја од САД за четири пати. Сега остануваат уште 90 дена за да се постигне договор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Над еден милион луѓе евакуирани во Кина…

Кинескиот источен брег во последните неколку дена…

(Видео) Кина успешно ја лансираше ракетата „паметен…

Кина во средата успешно лансираше носечка ракета…

(Видео) Во Кина откриени остатоци од алкохолен…

Кинеските археолози открија остатоци од алкохолен пијалок…

Америка ги забрани новите кинески хуманоидни роботи…

Американската Федерална комисија за комуникации (ФЦЦ) вчера…

Русија, Кина, Србија и уште 25 земји…

Русија, Кина, Србија и уште 25 земји…