Двата трона на министерот Тошковски – Херој во Чаир, освојувач во Демир Хисар
Во Македонија легендите се градат многу, многу брзо! Од нив побрзо се градат само зградите во Скопје.
Еве на пример Панче Ташковски, министерот за внатрешни работи, веќе седи дури на два трона: еден, украсен со „урбанистичка креативност“, а другиот – со железна волја на ефективност и ефикасност.
Во Чаир – престолот каде навиките се закон, Ташковски е благородниот заштитник… на бетонот. Тој таму седи на тронот како монах покрај немирна река и пројавува невидена доблест – доблест на трпение: таму сите може мирно да стареат, Министерот нема да им ги наруши идиличните бетонски панорами. Во Чаир бетон никогаш не е болен – тој е „свето ткиво“ на градот. Тука Министерот е со благ поглед и тивок збор – големиот милостив кој простува сè. Неговото оружје? Тишината. Молк!
Додека пак во Демир Хисар, контраст како со нож пресечен. Таму тронот е скромен – како заборавена касарна – престолот на правдата што носи меч во сиромаштијата. Но патот кон Демир Хисар Министерот го менува рувото. Кроткиот монах се пресоблекува во воин – оклопник на правдата, крстоносец кој го воздигнува знамето на својата мисија. Со челичен поглед и зборови остри како меч, таму тој не дели ниту ронка прошка. Правдата стигнува побрзо од амбулантно возило. Неговата проповед станува повик на битка, а неговиот трон – бојно поле.
И така, Панче Тошковски станува нашата северно-македонска верзија на великиот Александар Македонски:
- Во Чаир – херој и ослободител на бесправните квадратни метри.
- Во Демир Хисар – освојувач, пред кој паѓаат… боледувањата на директорки.
И така, меѓу престолот на мирот покрај хаосот и престолот на сиромашната тврдина, господин Панче го делеше своето време, но и своето лице. Некои рекоа дека тој управува со два света; други шепотеа дека два света управуваат со него. Некои велат дека ова е мајсторство на управување; други тивко се крстат и шепотат дека е само уметност на преживување.
Но како што пророкува еден еретички летописец: Ќе дојде ден кога двата престола ќе се помрднат еден кон друг. Ќе се сретнат меѓу улиците без план и ридовите без плод. „Монахот“ и „воинот“ ќе се погледнат во огледалото на судбината на денот на Големото двојство. Едениот ќе шепне: „Милост е силата на човекот“, другиот ќе викне: „Правдата не чека!“
Но токму тогаш, земјата под престолите ќе затрепери – не од правдата, ниту од милоста, туку од оној стар и неизбежен македонски потрес: падот од власт. Престолите ќе се распарчат, а монахот и војникот ќе се најдат голи, без руво и без титула, гледајќи го народот кој одамна престанал да верува во нивните приказни.
И така, двојниот трон ќе стане една урнатина – а легендата на Панче ќе остане запишана не како еп, туку како предупредување дека селективната правда и селективната милост на крај секогаш селективно завршуваат… селективо обележани во историјата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Двата трона на министерот Тошковски – Херој…
Во Македонија легендите се градат многу, многу…
Огнена стихија го блокира патот од Брезница…
Огнена стихија го блокира патот од Брезница…
(Фото) Брлогот и го пиша најважното прашање…
Потпретседателката на Собранието и на партијата ЗНАМ,…
Унгарија одби да ја поддржи Украина пред…
Лидерите на Европската Унија усвоија заедничка изјава…
Нетанјаху не прифаќа преговори за делумен прекин…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху нема да се…