Огнена стихија го блокира патот од Брезница кон Македонски Брод

t

Огнена стихија го блокира патот од Брезница кон Македонски Брод

Поради пожар, целосно е затворен за сообраќај патниот правец од селото Брезница, преку Националниот парк „Јасен“, до Македонски Брод, соопшти Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). Возачите се упатуваат да користат алтернативни патишта и да ги следат насоките на надлежните служби.

Во меѓувреме, Центарот за управување со кризи информира дека пожарот во Општина Теарце е целосно изгаснат во доцните вечерни часови. Локализиран е и пожарот над селото Челопеци во Општина Кичево, каде што во моментот има внатрешно согорување и чадење кон шумскиот појас. Екипи на ТППЕ Тетово и припадници на Армијата на РСМ остануваат на терен за да спречат евентуално реактивирање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Македонија има огромно минерално богатство: Проф.…

Македонија има значителен минерален потенцијал, а современото…

Од 1 декември матичниот лекар ќе одобрува…

Од 1 декември почнуваат да се применуваат…

Новогодишна магија во Крива Паланка, плоштадот блесна…

Празнична атмосфера и новогодишна магија го исполнија…

Магаре добило сертификат за медицинска сестра во…

Полицијата во индиската држава Мадја Прадеш започнала…

Шестчасовен прекин на струјата денес во тунелот…

Тунелот Катланово денес ќе остане без електрично…