МВР објави повик за објавување научни трудови во МНС „Безбедност“
Повик за објавување на трудови во Меѓународно научно списание „Безбедност“
Почитувани,
Со особено задоволство Ве информираме дека Уредувачкиот одбор на Меѓународното научно списание на Министерството за внатрешни работи „Безбедност“, година донесе одлука за објавување на Повик за доставување на научни и стручни трудови во списанието за Број 10 за 2025 година.
Поттикнувањето на научната мисла од областа на безбедноста во земјата, во регионот, па и пошироко, ќе биде од особено значење за модернизацијата на безбедносниот сектор во целина, а МВР како централна институција во безбедносниот систем ја препознава својата одговорност и ќе ги презема сите неопходни чекори за развој на полиција која ќе биде вистински сервис на граѓаните, гарант на мирот и стабилноста во државата и чувар на Уставот и законите.
Со силна посветеност за развојот на научната мисла во областа на безбедноста, ги поттикнуваме сите заинтересирани автори да достават свои трудови со резултати од најновите истражувања, теоретските постулати и практичните достигнувања во безбедносните, полициските, криминалистичките, криминолошките, кривично-правните, економските, правните или други науки кои се значајни за развојот на полицијата и Министерството за внатрешни работи во целина.
За повеќе информации, Ве молиме погледнете го повикот за објавување на трудови на следниот линк
За сите дополнителни информации, прашања или предлози можете да се обратите на електронската адреса на списанието [email protected].
Срдечен поздрав,
Проф. д-р Никола Дујовски
Главен и одговорен уредник на МНС „Безбедност“
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МВР објави повик за објавување научни трудови…
Повик за објавување на трудови во Меѓународно…
Битиќи: Срам за владата, работниците и пензионери…
Интегрален текст од прес-конференција на Фатмир Битиќи,…
Обид за блокада на судската зграда во…
Група студенти и граѓани утрово се обидоа…
Трамп: Во првите две минути од разговорот…
Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека украинскиот…
Патот Брезница – Македонски Брод целосно затворен…
Поради пожар, утрово целосно е затворен за…