Вучиќ земал пример и од Македонија – цените на храната во Србија ќе се намалат 15 до 20 отсто
Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, зборуваше за економските мерки на Пинк ТВ, истакнувајќи дека се прават големи работи. – Се потрудивме со моите колеги да дојдеме до решение кое ќе го презентираме во наредните денови – рече Вучиќ. Тој истакна дека ќе работи во многу области, најмалку пет.
– Ги зедовме моделите на Унгарија, Романија, Македонија, за да видиме како да ги намалиме цените на најголемиот дел. Видете каков трик користеа трговците. Јас сум против тоа да бидат премногу богати и да заработуваат премногу пари, исто како нашите банки. Во нашата земја, цената на храната и безалкохолните пијалоци е на ниво од 95 проценти од просечните цени во ЕУ. Цената на гасот и електричната енергија тука не е иста како во ЕУ, ниту пак нашите плати се на европско ниво. И знаете ли какви се нивните маржи? Од 35 на 42 проценти. Како германскиот Лидл, тие ги зголемија своите маржи од 18 проценти, ги дуплираа – вели Вучиќ.
Тој вели дека ќе ја ограничат својата маржа и дека ќе имаат десетици групи производи, а очекува дека вкупните цени во Србија ќе се намалат за 15 до 20 проценти, особено во прехранбениот сектор. – Нека сето тоа падне на ниво од 20 проценти и верувајте ми дека ќе успееме – рече Вучиќ, пренесува Србија данас.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во 10 кавадаречки училишта поставени „течни дрва“…
Во десет училишта во Кавадарци се произведени…
Пелистер добива нов мониторинг објект над Маловишта
Вработени во ЈУ Национален парк „Пелистер“, заедно…
Task Force удри по нарко-трговијата: 20 лица…
Дваесет лица, меѓу кои и двајца странски…
Нова градинка во Теарце: 10 занимални и…
Во Општина Теарце денеска беше отворена детската…
Сиљановска-Давкова со претставнички на „До бебе по…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се сретна со…