МВР: Во една година сузбиени 14 криминални групи и спречени 6.000 обиди за илегален влез
Сузбиени 14 организирани криминални групи во кои учествувале 201 лица во период од една година, продолжуваме со бескомпромисната борба против илегалната миграција и организираниот криминал
Справувањето со илегалната миграција е еден од врвните предизвици и приоритети во работата на Министерството за внатрешни работи, за што говори и статистиката на преземени дејствија и резултати во периодот од 1 јули 2024 до 30 јуни 2025 година.
Во овој период сузбиени се 14 организирани криминални групи, во кои учествувале 201 физички лица и 18 правни лица. Откриени се 64 случаи на криумчарење мигранти, на околу 430 лица. Спречени се 6.000 обиди за илегално транзитирање, што претставува намалување за речиси 50% во однос на претходниот период.
Во соработка со Европската агенција ФРОНТЕКС, Министерството за внатрешни работи спроведува континуирани операции за контрола на границите и справување со безбедносните ризици. Покрај миграцијата, откриени се и случаи поврзани со фалсификување пари, тероризам, проституција, висока корупција (во вредност од над 16 милијарди денари), недозволена трговија со дрога, како и нови случаи на криумчарење мигранти поврзани со меѓународни криминални мрежи.
Министерството за внатрешни работи продолжува со бескомпромисната борба против илегалната миграција и организираниот криминал, како еден од стратешките приоритети за заштита на безбедноста и правниот поредок. Преку силната меѓународна соработка и решителните домашни акции МВР испраќа јасна порака дека за криминалот нема простор во нашето општество!
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МВР: Во една година сузбиени 14 криминални…
Сузбиени 14 организирани криминални групи во кои…
Алиу: Онколошки амбулантски терапии наскоро ќе почнат…
Министерот за здравство Азир Алиу денеска изјави…
Нов скандал во Националната агенција Еразмус, Ана…
Владата на ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски…
Зеленски: Русија не се подготвува за крај…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека руската…
Вучиќ земал пример и од Македонија –…
Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, зборуваше…