Трамп: Во првите две минути од средбата со Путин ќе знам дали е можен договор
Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека украинскиот претседател Зеленски може да присуствува на неговиот самит со рускиот лидер Владимир Путин во Алјаска во петок, но изрази скептицизам дека тоа ќе направи разлика во постигнувањето мировен договор.
-Ќе имаме состанок со Владимир Путин и на крајот од тој состанок, веројатно во првите две минути, ќе знам точно дали може да се постигне договор или не – рече Трамп.
На прашањето на новинарите „како ќе го знаe тоа“, Трамп одговори: „Затоа што тоа го правам. Склучувам договори“.
Трамп додаде дека состанокот меѓу Путин и Зеленски ќе биде неопходен.
-На крајот на краиштата, ќе ги ставам двајцата во иста просторија. Или ќе бидам таму, или нема да бидам таму, и мислам дека ќе се среди – рече тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ: NVIDIA СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО…
Управниот одбор на американскиот технолошки гигант NVIDIA…
Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот…
Разговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и…
АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД…
Соединетите Американски Држави наводно се подготвени да…
Охриѓанец исчезнал од семејниот дом, полицијата трага…
На 10.11.2026 година, во 17:00 часот, во…
Иран отвори прв воен камп за обука…
Иран го отвори својот прв воен камп…