15 годишно дете со автоматскa пушкa го извршило убиството викендов во Тетово
Основното јавно обвинителство Тетово отвори истрага против четири лица – тројца возрасни и едно дете – осомничени за крвавиот оружен напад што се случи на 10 август на улицата „Благоја Тоска“ во Тетово, во кој едно лице загина, а повеќе други беа тешко повредени.
Еден од осомничените и детето, родено во 2010 година, се товари дека со умисла, користејќи автоматски пушки, убиле едно лице и довеле во опасност животот на други присутни. Меѓу повредените има и дете родено во 2012 година, кое било погодено во ногата.
Според обвинителството, по првичните истрели, вториот осомничен и уште едно лице одговориле со оган користејќи пиштоли, при што погодиле уште едно лице во пределот на градниот кош, а куршуми завршиле и во возило на жена чииот живот бил загрозен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
15 годишно дете со автоматскa пушкa го…
Основното јавно обвинителство Тетово отвори истрага против…
24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен…
Во Владата ќе се одржи одбележување на…
Си-Ен-Ен: Трамп и Путин ќе се сретнат…
Средбата меѓу американскиот и рускиот претседател Доналд…
Советот за безбедност на Црна Гора побара…
На синоќешната седница на Советот за одбрана…
Активни три, изгаснати дваесет и осум пожари…
На ден 12/13.08.2025 година, до 08:00 часот,…