(Видео) Вака треба! Албанија ги заострува казните за подметнување пожар, Рама најави дека потпалувањето ќе се третира како убиство
Под сомнение за подметнување пожари во Албанија се осомничени 125 лица, додека 22 се во притвор. Состојбата со пожарите во Албанија е повеќе од критична , граѓаните да бидат посовесни бидејќи казните ќе бидат ригорозни, апелира министерот за внатрешни работи Ервин Хоџа. Тој посочи дека под сомнение за подметнување пожари во Албанија се осомничени 125 лица, додека 22 се во притвор.
Премиерот Еди Рама објави видео-снимка направена од турски дрон „Бајрактар“ на албанското воздухопловство, на која се гледа лице кое потпалува.
Палењето на отворен простор тој го нарече „предавство” и најави дека потпалувањето ќе се третира како убиство.
„Намерното палење не е само злосторство, туку и предавство на нашата земја и иднината на нашите деца. Еве видео од намерно палење снимено денес од беспилотни летала на воздухопловните сили. Државната полиција е на терен за да ги изведе пред лицето на правдата сите што си играат со пламен на заеднички имот“ напиша Рама.
Според Европскиот информативен систем за шумски пожари (EFFIS) од почетокот на јули, во Албанија изгореле речиси 34.000 хектари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Де Ниро распали по Трамп: „Тргнете ги…
Холивудската легенда Роберт де Ниро повторно жестоко…
МЕА: ослободени 325 милиони барели од итните…
Земјите членки на Меѓународната агенција за енергија…
Де Ниро распали по Трамп: „Тргнете ги…
Холивудската легенда Роберт де Ниро повторно жестоко…
Запалил сува трева за да ја исчисти…
Четириесетгодишен жител на дебарското село Бомово бил…
Кажал „бомба“ и го запрел летот: Драма…
Драма се случила во авион на „Ер…