Цела ноќ борба со пожарите во Грција, 15 пожарникари повредени
По жестоката битка со огнената стихија во текот на изминатата ноќ, грчките огнеборци утринава ги продолжуваат напорите за локализирање на пожарите во Ахаија, во близина на градот Патра, на северозападниот дел од Пелопонез, на островите Закинтос и Хиос, како и во околината на Превеза. Според зборовите на портпаролот на противпожарната служба на Грција, Василис Ватракојанис, 15 пожарникари се здобиле со повреди. Ова го пренесе дописничката на МИА од Атина.
Ватракојанис утринава соопшти дека со првите зраци на сонцето, 33 воздухоплови веднаш започнале со интервенција во првата фаза и на сите фронтови, додавајќи дека се активни повеќе жаришта, кои се гаснат од копно и воздух.
Тој нагласи дека денешниот ден се очекува да биде исклучително тежок бидејќи се предвидува многу висок степен на опасност од пожар за поголем дел од територијата на земјата.
Во текот на ноќта, во одредени региони каде што се активни пожарите, беа испратени пораки од бројот 112 за итни случаи, со цел евакуација на жителите од загрозените подрачја.
Пожарите предизвикаа огромна материјална штета, со опожарени површини и уништени домови и деловни објекти, а вистинската вредност на штетата ќе биде утврдена дополнително.
Во текот на вчерашниот ден, како што доцна синоќа информираше портпаролот на противпожарната служба на Грција, интервенирале и продолжуваат да интервенираат 4.850 пожарникари. ср/сд/ .
Извор: МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Грчкиот раст и натаму е над европскиот
Грција и натаму бележи повисок економски раст…
(Видео) Се снимал додека вози со неверојатни…
Снимка од грчки автопат привлече големо внимание…
Пет пожари регистрирани денеска до 18 часот
Центарот за управување со кризи информира дека…
Грција ќе ги штити своите F-35 со…
Грчките военовоздушни сили разработуваат план за заштита…
Во првите седум месеци од годинава Грција…
За 8,6 отсто се зголемил бројот на…