Радикален Ислам се шири во Идризово – бројките растат, вели Пандов

t

Директорот на Управата за извршување санцкии, Александар Пандов, во поткастот „Претрес со Ландов“ призна дека се шири радикален Ислам во шестото крило во Идризово. Тој посочи дека засега немаат решение, бидејќи нема ќелиски систем, а затворениците престојуваат во една просторија.

Прашан како ќе го реши проблемот, рече: „Како…она што е интересно со тие ликови, тие во најголем дел од нив се исклучително примерни затвореници. Меѓутоа повторно доаѓаме до оној проблем – ти немаш начин како да ги изолираш. Тие се во група со поголем број затвореници. Немаме ние ќелиски систем, каде на крајот од денот, двајца такви радикали, ќе ги сместиш во разни ќелии и тоа е тоа“. Пандов додава: „Жален е податокот што наместо другите да исфрлат од овие радикализмот, напротив, овие го шират и помеѓу останатите затвореници“. Директорот вели дека бројките на приврзаници – растат. Скопје1

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Радикален Ислам се шири во Идризово –…

Директорот на Управата за извршување санцкии, Александар…

Општина Центар со бесплатни униформи за сите…

Учениците во сите општински основни училишта на…

Израел преговара со Јужен Судан за преселување…

Израел води преговори со Јужен Судан за…

Ангелов: Повеќе од сигурно е дека некои…

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување…