Почина оперската примадона Милка Ефтимова
Оперската примадона и доајен на Македонската опера и амбасадор на македонската уметност и култура во светот Милка Ефтимова почина утрово во Скопје на 89 години.
Во својата долготрајна, богата и плодна кариера, таа отпеа четириесет оперски улоги, како и многубројни партии во ораторијални дела и соло изведби, застанувајќи повеќе од 1.200 пати на оперската и концертната сцена, во дваесетина земји низ светот.
Со извонредна музикалност и изразито чувство за артизам, таа ги креираше Орфеј во ,,Орфеј и Евридика”, Ацучена во ,,Трубадур”, Еболи во ,,Дон Карлос”, Сузуки во ,,Мадам Батерфлај”, Марфа во ,,Хованшчина”, Урлика во ,,Бал под маски” и многу други, а најголем печат остави во насловната улога на ,,Кармен”. Од оперската сцена јубилејно се прости токму со Кармен на 6 ноември 1991 година.
Милка Ефтимова беше редовен професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје, наставник на Музичко-балетскиот училиштен центар во Скопје и Средното музичко училиште во Штип. Во нејзината богата оперска кариера одликувана е со наградите: „11 Октомври“ (1985), „Св.Климент Охридски“ (2001), „Мајка Тереза“ (2009), како и Орден за заслуги на Република Северна Македонија (2022).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Koj профитира на најмалите: „УЧИЛИШНАТА КОШНИЧКА“ ПОД…
Околу 600 продажни места низ Македонија се…
Во Гостивар, жена силувана од вонбрачниот сопруг
На 04.09.2026 во 19:45 часот во ПС…
Ангелов: Состојбата со пожарите на отворен простор…
Состојбата со пожарите на отворен простор во…
АфД пред историска победа
Екстремнодесничарската партија Алтернатива за Германија (АфД) е…
Сивата економија ја чини Македонија стотици милиони…
Сивата економија продолжува да биде еден од…