Млад скопјанец чувал дрога во паркирана „корса“ – избегал, па сам се пријавил во полиција
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
Осомничениот 23-годишник, во автомобил “Опел корса” неовластено држел 57 пакувања наркотична дрога марихуана со вкупна нето маса од околу 72 грама, наменети за натамошна продажба.
Автомобилот бил во негова сопственост и одреден период оставен на паркинг на булеварот “Митрополит Теодосиј Гологанов”. По претходна пријава возилото било обезбедувано под надзор на полициски службеници.
На 27 јуни осомничениот се доближил до автомобилот и бидејќи не можел да си ги пронајде клучевите, насилно го скршил задното стакло, по што извлекол црна најлонска вреќа со повеќе пакувања марихуана и дигитална вага. Веднаш бил забележан од полицијата, па ја фрлил вреќата и се дал во бегство.
Не бил достапен на органите на прогонот до 11 август кога сам се пријавил во полициска станица, што за јавниот обвинител е потврда на ризикот осомничениот со бегство да го избегнува кривичниот прогон.
Исто така постојат особени околности кои укажуваат на опасност да го повтори делото, па јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
18+ видеа од познати жени објавени во…
Албанската полиција истражува скандал поврзан со интимни…
Епидемијата на чума во Сибир излегува од…
Ситуацијата со епидемијата на чума во рускиот…
САД ги повлекоа сите Б-1 бомбардери од…
Соединетите Американски Држави ги повлекоа сите бомбардери…
Се затовра ли уште еден теснец: Експлозии…
Повеќе експлозии биле забележани во непосредна близина…
Наводи за нов напад врз саудискиот нафтовод…
Се појавија непотврдени информации за нов напад…