Голем пожар кај Октиси, побарана е хеликоптерска интервенција

t

Голем пожар избувна кај селото Октиси, на локацијата Октишка Краста, се шири на непристапен терен и претставува закана за имотот на населението. Пожарникарите од Струга и мештани се на терен, но поради тежок релјеф е побарана итна воздушна интервенција.

-Во близина на село Октиси, на место викано Октишка Краста, е избувнат пожар од поголеми размери кој претставува потенцијална закана за имотот на населението. На терен се присутни екипите на ТППЕ Струга и дел од месното население, но според проценката на командирот на ТППЕ Струга, пожарот се простира на специфичен и непристапен релјеф, што го оневозможува гаснењето од копно. Поради тоа, итно е потребно ангажирање на воздухоплови.

По барање на градоначалникот на Струга е испратено официјално барање за ангажирање на воздухоплов, а по насока и барање на Центарот за управување со кризи се вршат подготовки за испраќање на воздухоплов за гаснење на пожарот, информира ЦУК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израелскиот претседател му го довери мандатот на…

Израелскиот претседател Исак Херцог денеска му го…

Отпорноста на бактериите на антибиотици е сè…

Отпорноста на бактериите на антибиотици, која во…

Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…

Иран и Русија планираат изградба на гасовод…

Иран планира во соработка со Русија да…