ДСЗИ: за 8 месеци истражувала смрт на десет пациенти – четиринаесет барања за стручна комисија
Од 1 јануари до 13 август 2025 година, Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) побарал од министерот за здравство формирање стручна комисија во 14 наврати – десет поради смрт на пациент, а четири како резултат на претставки за третман при лекување.
– Изминатата година имавме неколку барања за формирање комисија за стручен надзор до министерот, како и поведени постапки за одредени здравствени субјекти – изјави вечерва директорот на ДСЗИ, Кирил Лазов, во емисијата Вести Плус на Канал 5 телевизија.
Лазов објасни дека висината на казните зависи од тоа дали се работи за мал, среден или голем правен субјект. Во моментов во процедура се измени и подготовки на 11 закони во надлежност на ДСЗИ, од кои најголем дел се поврзани со Законот за прекршоци.
– Казните сега се прениски. За голем правен субјект изнесуваат од 2.000 до 10.000 евра, но по закон секогаш се зема најмалата казна. За среден правен субјект тие се од 1.000 до 5.000 евра, а за мал правен субјект од 50 до 500 евра – рече Лазов.
Како пример, тој го наведе случајот со починатите близначиња, при што Прилепската болница била казнета со 2.000 евра, а одговорно лице со 1.000 евра.
За неодамнешниот случај со младата девојка која почина во Тетовската болница, Лазов информираше дека на 11 и 12 август бил спроведен вонреден инспекциски надзор во Клиничката болница во Тетово и во избраната матична амбуланта.
– Го следиме целиот тек на лекувањето – здравствената евиденција, медицинската документација и изјави од сите здравствени чинители. Во овој случај не се констатирани недостатоци, а целата документација е проследена до министерот за здравство. Инициравме формирање комисија за стручен надзор која ќе утврди дали имало грешка – објасни Лазов.
Тој детално го опиша текот на лекувањето: пациентката два пати била на преглед кај матичниот лекар, еднаш била примена во Ургентен центар и пуштена, повторно посетила матичен лекар, а потоа во недела била повторно примена, кога состојбата ѝ се влошила и починала.
Од почетокот на 2025 година до денес, во Детската клиника во Скопје се спроведени седум инспекциски надзори – три редовни, еден контролен и три вонредни.
– При контролниот надзор издадовме решение за констатирани недостатоци, по што беше постапено. Оваа година, при надзорите не утврдивме недостатоци во санитарно-хигиенските услови – истакна Лазов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДСЗИ: за 8 месеци истражувала смрт на…
Од 1 јануари до 13 август 2025…
Добро е не се заборавија: Мицкоски пак…
Премиерот Христијан Мицкоски, вчера имал средба со…
Ескалација на насилство на протестите во Србија
Во средата (13 август, 2025) вечер во…
Вработените на Урологија: Ние можеме без нови…
Сите клиники треба да го следат нашиот…
Ден на жалост во Црна Гора за…
Ден на жалост во Црна Гора поради…