За германската економија, Србија и Хрватска се поважни од Русија
За германската економија, Србија и Хрватска стануваат поважни партнери од Русија, додека трговијата со Москва нагло опаѓа поради војната во Украина и санкциите. Сепак, експертите предупредуваат на можни економски предизвици. Русија порано беше еден од најважните трговски партнери на Германија, но од нападот врз Украина и воведувањето на санкциите од ЕУ, размената постојано опаѓа, пишува Дојче Веле.
Во првата половина од оваа година, увозот од Русија не достигна ниту 670 милиони евра – повеќето од нив се вештачки ѓубрива и метали. Извозот – главно на лекови, медицинска опрема и хуманитарна помош кои не подлежат на меѓународни санкции – падна на нешто над 3,5 милијарди евра. Со тоа, Русија падна на 48-то место на листата на најважни партнери на Германија, според официјалните податоци. Постојат извештаи за прикриен извоз на германски производи во Русија преку трети земји, со што се заобиколуваат санкциите, но за ова нема сигурни и конкретни податоци. Кога станува збор за легален извоз, по падот на рускиот пазар, земјите од Источна Европа се сè поважни за германската економија.
Така, по САД, Кина, Холандија и Франција, Полска стана петти најважен партнер со вкупна размена од над 90 милијарди евра. Меѓу земјите од Источна Европа, Русија сега е само на 12-то место, а ја претекнаа Србија на 9-то место и Хрватска на 11-то место, објави „Комисијата за Исток“ на германската економија, пренесува Данас.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Европските акции во плус, нафтата „брент“ 101…
Европските акции денеска главно се во пораст,…
Откриено богато војничко погребување на архајската некропола…
Богато војничко погребување со штит, шлем, копја,…
307 илјади станови празни, а цената на…
Во Македонија има доволно станови за парадоксот…
Цената на нафтата се спушта, еврото падна
Цените на нафтата паднаа бидејќи податоците покажуваат…
На денешен ден, пред 19 години: Тоше…
На денешен ден, пред 19 години, својот…