Владин ресор управуван од вештачка интелигенција – Рама најавува „дигитални министри“ во Албанија
Албанија ја интензивира употребата на вештачка интелигенција (ВИ) во јавната администрација за забрзување на процесот за пристапување кон Европската Унија и борбата против корупцијата, објави владата во Тирана. Премиерот Еди Рама објави дека размислува за создавање министерство кое целосно ќе биде управувано од вештачка интелигенција, опишувајќи ја технологијата како „најефикасен иден член на владата“, објавува „Политико“.
„Еден ден, можеби ќе имаме министерство кое е целосно управувано од вештачка интелигенција. На тој начин, нема да има непотизам или судир на интереси“, рече Рама на прес-конференција во јули.
Идејата сè уште не е преточена во официјална политика, но вештачката интелигенција веќе се применува во неколку сегменти на управувањето: од контрола на јавни набавки и следење на даночните и царинските трансакции, до откривање на нелегална градба, како и надзор на плажи и плантажи со канабис со помош на дронови и сателити.
Со цел подобрување на безбедноста во сообраќајот, најавена е и употреба на технологија за препознавање лица за испраќање дигитални предупредувања и казни до возачите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владин ресор управуван од вештачка интелигенција –…
Албанија ја интензивира употребата на вештачка интелигенција…
Зеленски се сретна со британскиот премиер Стармер
Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна на Даунинг…
Фон дер Лајен: Го мобилизираме Европскиот механизам…
ЕУ е подготвена да им помогне на…
(Видео) Војник пукаше во воздух на протест…
Војникот на српската армија, Владимир Бркушанин, кој…
Трамп стравува дека Зеленски во Алјаска би…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е…