Ги примиле да сечат дрва, а се ладат по канцеларии- скандалозен ревизорски наод во ЈП „Национални шуми“
ЈП за стопанисување со државните шуми „Национални шуми“ п.о. – Скопје во 2023 година реализирало само 66 отсто од планираниот физички обем на производство на техничко и огревно дрво. Со акумулирани обврски во износ од приближно 17,5 милиони евра и постојана зависност од револвинг краткорочниот кредит за исплата на плати, претпријатието се соочува со сериозни финансиски потешкотии, намалена ликвидност и ризици за одржливоста на работењето, соопшти Државниот завод за ревизија.
-На крајот на 2023 година, јавното претпријатие има искажано обврски спрема Буџетот на државата за проширена репродукција во износ од 7,3 милиони евра, додека за проста репродукција не е отворена посебна сметка и не се уплатени средствата во износ од 4,05 милиони евра. Истовремено, претпријатието побарува од државата 2,6 милиони евра по учеството во акцијата „Ден на дрвото“. Утврдено е и дека 95 отсто или 37.672 илјади денари од побарувањата од вработени, потекнуваат од период пред 2018 година и се однесуваат по основ на: кусоци на техничко и огревно дрво, нераздолжени аванси, неуплатен дневен промет од продажба, користење на угостителски услуги и друго. Поради не преземени мерки за нивна наплата и општиот рок на застареност, постои голема неизвесност, износот од 36.460 илјади денари, односно 590.920 евра (до 5 и над 5 години) да не се наплати – објави ДЗР.
Во финансиските извештаи на ЈП „Национални шуми“, од 31 декември 2023 година, кај материјални средства во подготовка констатирано е дека не е утврдена фактичката состојба и неправилно се евидентирани инвестиции за износ од 16.463 илјади денари. Инвестициските вложувања во износ од 2.226 илјади денари, потекнуваат од минати години, започнати пред формирање на претпријатието и се однесуваат на инвестициски објекти во подружниците „Бигла“ Демир Хисар (подземен резервоар за гориво) и „Равна река“ Пехчево (бесправна градба на шумска куќа), кои се без обезбедена веродостојна документација за кои не е утврдена фактичката состојба, односно не е направена проценка за оправданост за продолжување на инвестициите.
-Исто така, 7 пластеници со вредност од 12.785 илјади денари, иако се во употреба од 2004 година, погрешно се водат како средства во подготовка, без да се пресметува амортизација, додека набавениот тресет во вредност од 1.452 илјади денари се класифицира како инвестиција наместо како залиха, што е спротивно на сметководствените начела и стандарди. Овие слабости го нарушуваат принципот на точност и реалност на финансиските извештаи и имаат директно влијание врз финансискиот резултат на претпријатието – оцениле ревизорите.
Ревизијата утврдила неправилности и во однос на исполнување на одредбите од договорите за работа, бидејќи од вкупно 355 вработени на неопределено време, 73% или 259 вработени кои се примени на работни места сечачи, дотурачи, редачи и шумски работници, не ги извршуваат работните задачи утврдени согласно договорите, туку извршуваат административни работи и работни задачи во дирекција или подружница.
Дополнително, претпријатието со сопствени ресурси извршува само 42,45% од фазата на сеча, 34,04% од дотурот и 32,13% од фазата на превоз, што значи дека над 50% од производниот процес е зависен од ангажирање на надворешни извршители. Иако електронскиот систем за следење на дрвната маса набавен во износ од 32.518 илјади денари и тековно месечно одржување од 167 илјади денари е воведен во употреба од 2017 година и технички поставен на платформата на Македонски Телеком АД Скопје, со обезбеден ВПН пристап за ЈП „Национални шуми“ п.о. – Скопје, тој не се користи од Државниот инспекторат за шумарство и ловство и шумската полиција, ниту се имплементирани сите фази на следење на дрвната маса, што ја ограничува можноста за контрола, следливост и транспарентност во управувањето со дрвната маса – од сеча до крајна продажба.
Ревизијата извести и за недоволна заштита на шумите (преземање на активности соодветни за превенција и управување со ризиците од појава на пожари во шумите) и системски слабости во справување со ризиците од болести, пожари и бесправна сеча, делумна реализација и ограничена ефикасност во користењето на средствата од Програмата за проширена репродукција на шумите за 2023 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ги примиле да сечат дрва, а се…
ЈП за стопанисување со државните шуми „Национални…
Вучиќ: Нема да има граѓанска војна во…
Српскиот претседател синоќа, нешто пред полноќ сеобрати…
(Фото) Пожарникари од Крива Паланка го спасиле…
Пожарникари од Крива Паланка го спасиле кучето…
Реакции од Бугарија: Режимот на Мицкоски ја…
Бугарија остро реагира на иницијативата на поранешната…
Унгарија и се налути на Украина за…
Шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто, ја…