Поплави во Алјаска, се топат глечери – прогласена вондредна состојба
Жители на Алјаска ги напуштија своите живеалишта откако водата од ледничкото езеро почна да истекува од сливот што претходно го задржуваше глечерот Менденхол, создавајќи страв од невидени поплави во Џуно, главниот град на оваа американска сојузна држава, пренесува Би-Би-Си.
Националната метеоролошка служба (НВС) во Џуно објави предупредување за надоаѓање на водата, бидејќи водата од ледничкото езеро се излеа во реката Менденхол, ставајќи ги во опасност куќите во регионот.
Локалните власти со денови ги опоменуваа граѓаните дека може да бидат принудени на евакуација, а во вторникот потврдија дека водата ја пробила ледената преграда и дека поплави се очекуваат во наредните денови. Глечерот, позната туристичка дестинација, е позициониран на приближно 19 километри од Џуно.
Според НВС, нивото на водата достигна три метри во вторникот, што е под нивото на голема поплава што започнува на 4,3 метри. Меѓутоа, до вчера наутро се искачи над 4,8 метри, што се смета за кулминација. „Ова ќе биде нов рекорд, врз основа на сите информации што ги имаме“, изјави метеорологот Никол Ферин на прес-конференција.
Веб-страницата на градот Џуно објаснува дека поплавите од излив на леднички езера се случуваат кога езеро настанато со топење на снег, мраз и дождовница одеднаш се празни. Тие го споредија процесот со вадење затка од полна када. Кога водата ќе достигне одредено ниво, може да го прелее глечерот што ја задржувал.
Гувернерот на Алјаска, Мајк Данливи, прогласи вонредна состојба во неделата поради „непосредна закана од катастрофални поплави предизвикани од излив на леднички езера“ во областа Џуно.
Поплавите се постојан проблем во областа од 2011 година, при што одредени домови веќе се уништени или однесени од поројни дождови. Минатата година, стотици куќи претрпеа штети. Планинските глечери се топат насекаде во светот со порастот на температурите.
Вишокот вода може да се собере и да формира леднички езера, а научниците забележале дека нивниот број и големина се зголемуваат глобално од 1990 година. Природните брани од мраз и карпи што ги задржуваат овие езера можат одеднаш да попуштат, предизвикувајќи нагли надоаѓања на вода.
Истражувачите очекуваат климатските промени да го интензивираат бројот на вакви поплави во иднина, иако минатите трендови и причините за поединечните поплави се сложени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Поплави во Алјаска, се топат глечери –…
Жители на Алјаска ги напуштија своите живеалишта…
Гори на шест места, единаесет изганаснати пожари…
Информација за состојбата со пожари – 14.08.2025…
Кремљ: Договорен распоредот за разговорите Путин –…
Договорен е распоредот за разговорите меѓу американскиот…
Киев: Украинските сили го запреа рускиот напредок…
Украинските сили успеаја да го запрат напредувањето…
Ги примиле да сечат дрва, а се…
ЈП за стопанисување со државните шуми „Национални…