Четиригодишно дете се затруло со детергент во Куманово
Уште еден случај на затруено дете во Куманово, евидентира кумановската полиција. Станува збор за четиригодишно дете, а случајот во полицијата го пријавиле од кумановската болница.
– Вчера, во 22.42 часот во СВР Куманово од Општа болница Куманово било пријавено дека кај нив било донесено затруено четиригодишно дете од Куманово – соопшти СВР Куманово.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
– Детето е примено вчера на педијатрија. По извршениот преглед од страна на дежурниот лекар, стабилизирано е и однесено е на Клиника во Скопје. Во моментот е во стабилна состојба. Детето е затруено со консумирање на непозната течност, најверојатно детергент. По извршената детоксикација на Клиниката ќе биде пуштено дома – изјави директорот на Општата болница во Куманово, Сашо Стошевски.
Во јули, годинава имаше два случаи на затруени деца со лекови, прво едногодишно бебе од липковското село Отља, а неколку дена подоцна и десетмесечно бебе од Куманово.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Четиригодишно дете се затруло со детергент во…
Уште еден случај на затруено дете во…
Поплави во Алјаска, се топат глечери –…
Жители на Алјаска ги напуштија своите живеалишта…
Гори на шест места, единаесет изганаснати пожари…
Информација за состојбата со пожари – 14.08.2025…
Кремљ: Договорен распоредот за разговорите Путин –…
Договорен е распоредот за разговорите меѓу американскиот…
Киев: Украинските сили го запреа рускиот напредок…
Украинските сили успеаја да го запрат напредувањето…