Ние сме земја која има најниска цена за електрична енергија во Европа, вели Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека преку Mинистерството за енергетика, минерални суровини и рударство распишан е јавен повик на кој може да аплицираат оние семејства кои ги исполнуваат условите за субвенционирање за сметките на електрична енергија, и оти за тоа се предвидени 40 милиони денари.
-Она кое можам исто така да го кажам е дека во неколку периоди на регулирање на електричната енергија, откако е оваа Влада, ние немаме покачување на цената на електричната енергија за домаќинствата, што не е случај во околината. Ако ги гледате другите држави ќе видите дека таму електричната енергија е покачена 15, 20, а во некои земји од соседството и 30 проценти – рече Мицкоски.
Премиерот додаде дека според Евростат и според сите останати параметри, ние сме држава во Европа која има една од најниските цени за електрична енергија за домаќинства.
Инаку, за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија можат да аплицираат лица со тешка или длабока интелектуална попреченост, со најтешка телесна попреченост, со целосно слепо лице и со целосно глуво лице. Со оваа програма се обезбедува финансиска поддршка од 1.000 денари месечно, во траење од 12 месеци, преку директно намалување на сметките за електрична енергија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Полските медиуми објавија вознемирувачки изјави за напаѓачот…
Во пукање на главниот плоштад во Краков,…
Напад врз нафтениот гигант „Арамко“ во Ријад,…
Канцелариите на „Сауди Арамко“ (Saudi Aramco) во…
„Системот се вика патријархат и е смртоносен“:…
„Не бараме сочувство, бараме одговорност“ – е…
На денешен ден е роден Михајло Апостолски:…
На 8 ноември 1906 година, во штипско…
Студентите во Тирана одбија партиско преземање: Најавија…
Студенти во Тирана вчера, направија жив ѕид…