ОЛАФ откри злоупотреби од милиони евра – СДСМ бара одговорност од Владата

t

СДСМ денеска побара од Владата на премиерот Христијан Мицкоски веднаш да ја разреши в.д. директорката на Националната агенција за европски образовни програми, Ана Михајлов, поради, како што наведуваат, сериозни наоди од Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ).

Според опозициската партија, во извештајот на ОЛАФ се наведува дека во периодот кога Михајлов била одговорно лице за евалуаторите, преку поврзани лица и компании се злоупотребени над 2 милиони евра европски пари. Иако извештајот бил доставен во 2023 година, обвинителен акт сè уште нема, а СДСМ се прашува дали назначувањето на Михајлов е обид да се блокира или влијае на истрагата на ОЈО и ОЛАФ.

Од партијата дополнително наведуваат дека од свиркачи добиле информации за сомнителна распределба на преку 8 милиони евра на фирми под нејасни околности, како и за поништување на претходен конкурс за да се постави „в.д. по мерка на власта“.

„Владата молчи на прашањето зошто изборот е направен без согласност на Европската унија и на ваков начин. Очигледно е дека заштитата на партиските и бизнис интереси им е поважна од транспарентноста,“ се наведува во соопштението на СДСМ.

Од опозицијата додаваат дека ова е „голем скандал кој мора да биде расчистен“ и бараат целосна и непристрасна истрага

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Камо среќа некој да изгради дата-центар во…

Државата има потреба од примарен национален дата-центар,…

ЕУ и НАТО најавија пожесток одговор кон…

Лидерите на Европската Унија и на НАТО…

Екс шефот на ЦИА го предупреди Западот:…

Дејвид Петреус, пензиониран генерал на американската армија…

Градоначалникот на Лондон казнет за неплаќање данок…

Градоначалникот на Лондон, Садик Кан, е прогласен…

(Видео) Германија тестира моќна балистичка ракета сред…

Германија успешно тестираше балистичка ракета произведена во…