Цветин со писмо до Трамп и Путин: Им испрати слика од изложбата „Цвеќе на мирот“, да не се повтори Хирошима и Нагасаки

t

Македонскиот сликар и уметник, Живко Поповски – Цветин напиша писма до американскиот и до рускиот претседател, Доналд Трамп и Владимир Путин во пресрет на нивната средба, која е закажана за в петок на Алјаска.

Писмата се напишани на англиски и на руски јазик, а во нив Цветин порачува да не се повтори катастрофата со фрлање на атомските бомби во Хирошима и Нагасаки.

„По повод вашата средба што наскоро ќе се одржи на Алјаска, како поддршка, авторот на изложбата Цвеќе на мирот, која е отворена во знак на одбележување на 80 години од Хирошима и Нагасаки, ви испраќа една од неговите изложени слики со надеж дека со оваа средба ќе се најде решение за прекин на дејствијата и да владее Мирот во светот“, пишува во писмата Цветин.

Македонскиот уметник пред извесно време, ја отвори изложбата „Цвеќе на мирот“ во галеријата Метаноја, на која учествуваа Лидија Лучко-Јеремиќ со поема по повод атомските бомби врз Хирошима и Нагасаки. Музичко поетски перформанс имаа музичарите Никола Стојковски и актерката Арна Шијак. За оваа изложба д-р Коста Милков рече дека „низ долгите години на неговите заложби за мир, Цветин насликал илјадници и илјадници слики со цвеќе на мирот. Неговиот прв формален настап е во далечната 1972 со изложени мозаици и колажи во Демир Хисар, а последниот е во Задар во јуни 2025, под име „Цвеќе на мирот“ по повод „Денови на уметноста“ во Хрватска. Повеќе од пет децении преданост и посветеност сведочат за непоколебливоста да се биде миротворец.“

Цветин е и креатор и идеолог на Декларацијата за мир во светот и против војните и употребата на нуклеарното оружје, која досега ја потпишаа повеќе од 3.500 лица. Оваа Декларација е отворена за потпишување како крик против војните и употребата на нуклеарното оружје и во поддршка на миротво светот.

За сите потфати Цветин ќе каже „Цвеќето во човекот не ги сака ветровите на војната. Јас не измислувам нови цветови, туку само пресликувам цветови во луѓето што ја сакаат слободата и мирот“.

Живко Поповски – Цветин (1944, с. Брезово) е сликар на мирот и хуманист. Тој е поранешен претседател на Џрвениот крст на Македонија и спаѓа меѓу номинираните за Нобелова награда за мир. Поповски – Цветин како уметник е препознатлив по мисијата „Цвеќето на мирот“. Од 1970 година има реализирано над 300 изложби во земјата и светот и подарено повеќе од 40.000 слики, кои пренесуваат порака на мир и надеж. Неговите дела се наоѓаат кај државници, уметници, поети и обични луѓе ширум светот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Цветин со писмо до Трамп и Путин:…

Македонскиот сликар и уметник, Живко Поповски –…

Aвтомобил удри во 9-годишно девојче во Чаир

Синоќа на улицата Аугуст Цесарец во Скопје,…

Нова размена на затвореници меѓу Русија и…

Руската и украинската армија извршија нова размена…

Маркетите веќе ги поставуваат ознаките за домашните…

Маркетите деновиве на рафтовите треба да ги…

Aвтомобил удрил во 9-годишно девојче во Чаир

Синоќа на улицата „Аугуст Цесарец“ во скопски Чаир, патничко…