(Видео) Огнот се закани на дел од објектите, пожарот во Јасен не е под контрола
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов денеска информира дека со брза акција и со повеќе возила е спречено проширување на пожарот во повеќенаменското подрачје „Јасен“, каде е зафатена мешана шума.
– Пред малку огнот се закани на објектите на ЈП „Јасен“, но со брза, енергична и одлучна акција, со повеќе возила кои претходно беа поставени во полукружна одбрана, огнот беше сопрен во близина на самите објекти. Прилагодените „пинцгауери“ и „хермелини“ по којзнае кој пат се покажаа одлични. Без нив целата оваа борба против огнената стихија ќе имаше друг тек, рече Ангелов.
Тој изрази благодарност до припадниците на специјалните единици на Армијата и полицијата, „Волци“, „Ренџери“ и ЕБР, до пожарникарите од Територијална противпожарна бригада на Град Скопје (БППЗ) и до вработените во ЈП „Јасен“ и „Национални шуми“.
– Борбата со пожарот во ловиштето „Јасен“ продолжува. Пред малку изби силен густ чад, зад неколку објекти на самото јавно претпријатие. Црн чад, висок пламен, кој е видлив. Поставена е одбрана и на огнот нема да му дозволиме да дојде наваму, но теренот не доволува влегување бидејќи се работи за стрмен терен и густа шума. И покрај тоа што овде имаме тимови од „Волците“, „Ренџерите“ и од МВР, сепак е невозможно да се влезе долу, изјави од терен Ангелов. Додаде дека имаат доволно сили кои ќе го стопираат овој, како што рече, тежок за гаснење пожар.
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека територија на државава денеска до 12 часот регистрирани се вкупно 19 пожари на отворен простор, од кои осум се активни, а 11 се изгаснати.
Пред малку огнот се закани на објектите на ЈП Јасен но со брза, енергична и одлучна акција со повеќе возила кои претходно беа поставени во полукружна одбрана, огнот беше сопрен во близина на самите објекти.
Прилагодените пинцгауери и хермелини по којзнае кој пат се покажаа одлични, без нив целата оваа борба против огнената стихија ќе имаше друг тек.
Голема благодарност до припадниците на специјалните единици на Армијата и Полицијата, Волци, Ренџери и ЕБР како и до пожарникарите од скопската бригада за противпожарна заштита.
Голема благодарност и до вработените во ЈП Јасен како и Национални Шуми.
Посебна благодарност до мојата верна сенка Илија Бојаровски кој деновиве се наголта прашина и чад снимајки пеколни сцени но и мои изјави со кои ги запознаваме медиумите а преку нив целата јавност, за пожтвуваната борба против пожарите кои беснееја и беснеат низ државата.
Posted by Стојанче Ангелов on Thursday, August 14, 2025
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Муцунски од Киев: Македонија останува на страната…
Стоиме со Украина, која е суверена држава…
Нов хаос во Персискиот залив: Ирански танкер…
Ирански танкер беше погоден од американските сили…
Уапсени пет лица во Галичник, при претрес…
На 04.09.2026 во периодот од 19:20 до…
Драма во Пехчево: Маж седел со друга…
На 04.09.2026 во 10:59 часот во ОВР…
(Видео) Ужас на аеромитинг во Грција: Се…
Тешка авионска несреќа се случи во сабота,…