СДСМ бара разрешување на Михајлов и целосна истрага за милионските скандали во Еразмус+
По огормниот скандал Владата на Христијан Мицкоски мора веднаш да ја разреши в.д. директорката на Националната агенција за европски образовни програми, Ана Михајлов, реагираат од опозициската СДСМ.
– Тоа е основен услов за целосно и непристрасно процесирање на предметот од Јавното обвинителство врз основа на наодите на ОЛАФ – Европската канцеларија за борба против измами.
Како што јавно објавивме, ОЛАФ наведува злоупотреби во вредност од милиони евра, европски пари.
Во извештајот на ОЛАФ, којшто е јавно објавен, постојат сомнежи дека во периодот кога Михајлов била одговорно лице за евалуаторите, преку вмрежени лица и фирми се злоупотребени над 2 милиони евра.
Иако извештајот е доставен во 2023 година, до ден-денес нема обвинителен акт.
Клучното прашање е дали со назначувањето на Михајлов власта има за цел да ја блокира и влијае на истрагата на ОЈО и ОЛАФ?
Дополнително, веќе објавивме информации од свиркачи за тоа како се доделени преку 8 милиони евра на фирми под крајно сомнителни околности кои мора да се истражат.
Сомнително е и самото поништување на претходниот конкурс кој бил стопиран за да се назначи в.д по мерка на власта.
Владата молчи на прашања зошто изборот е направен без согласност Европската унија и на овој начин?
Очигледно заштитита на своите партиски и бизнис интереси за власта е најважно.
Почитувани,
Ова е голем скандал кој мора да биде расчистен.
Европските пари наменети за младите, образованието и развојот не смеат да бидат извор за партиски профит и корупција.
Бараме:
-Владата да ја разреши в.д. директорката Ана Михајлов.
-Итно постапување на Јавното обвинителство врз основа на наодите на ОЛАФ и процесуирање на сите инволвирани лица.
Одговорност мора да има – веднаш и без одложување. – велат од партијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Платформата е поврзана со власта, ѝ…
СДСМ остро реагираше на денешното јавно претставување…
Платформата “12.05“ подготвува опозициски фронт со СДСМ…
За да се победи актуелната власт потребно…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не шират паника, Филипче…
Пензионерите денес имаат конкретени резултати кои што…
ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ си ги мерат „АРМИИТЕ“…
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ и опозициската СДСМ денес повторно…
ВМРО-ДПМНЕ: На Филипче му смета секој успех…
Филипче денес се најде да зборува за…