Демократската партија на Турците на локални ќе оди сама, без коалиционите партнери од ДУИ
Демократска партија на Турците на Македонија (ДПТМ), која беше дел од коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ, денеска соопшти дека донеле одлука на локалните избори закажани на 19 октомври да настапат самостојно.
„Денес, како Демократска партија на Турците на Македонија, се обраќаме пред вас со одлука што ќе отвори ново и значајно поглавје во политичката историја на турската заедница во нашата земја. По долги и темелни консултации со нашите членови, органи и сограѓани, Централниот управен одбор и Централното собрание на партијата донесе едногласно одлука дека на локалните избори што ќе се одржат на 19 октомври 2025 година, ДПТМ ќе настапи самостојно – со сопствени кандидати за советници и кандидати за градоначалници во општините каде што живее претежно популација од турската заедница“, потенцира ДПТМ.
За партијата, раздружувањето од ДУИ значи зацврстување на независната политичка позиција на ДПТМ. Од партијата нагласуваат дека за нив изборите не се обична трка за советнички места, борба за достоинствено, јасно и ефикасно политичко претставување на турската заедница.
„Во согласност со јасно изразената волја на народот, донесена е и одлука за излегување од коалицијата „Европски фронт“. Со овој чекор ја зацврстуваме нашата независна политичка позиција и ја потврдуваме нашата решеност директно да му служиме на народот, без посредници и компромиси што би ја разлабавиле нашата мисија. Демократската партија на Турците на Македонија останува верен и доследен чувар на интересите на турската заедница“, се наведува во соопштението на партијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВЛЕН: Лицемерието на ДУИ, две години молчеа…
ДУИ две години молчеше, а денес, кога…
ДУИ: Недим Рама купувал акции во „Мерцедес“…
Недим Рама купувал акции во „Мерцедес“ додека…
ВЛЕН: ОХРИДСКИОТ ДОГОВОР НЕ Е ТАПИЈА НА…
Прес-конференција на ВЛЕН Пред дваесет и пет…
Аркин Јахији кандидат на ДУИ за градоначалник…
Демократската унија за интеграција на изборите за…
ВЛЕН: Дволичноста на Бујар: Ноќе те убива,…
Соопштение на ВЛЕН Бујар Османи се обидува…