Трамп: Путин нема да си „игра“ со мене, уште во првите минути ќе знам дали состанокот е успешен
Американскиот претседател Доналд Трамп, им се обрати на новинарите пред средбата со претседателот на Русија, Владимир Путин закажана за денеска во Алјаска.
Тој рече дека очекува уште во првите минути да знае дали состанокот ќе биде успешен, и дека целта на разговорите е поставување на темели за нов заеднички состанок со Путин и со Зеленски.
„Путин би ја презел цела Украина да не сум јас претседател на САД, но јас сум претседател и тој нема да си игра со мене. Веќе во првите минути ќе знам дали состанокот е успешен или не. Целта е да се постават темели за иден состанок со рускиот претседател и со украинскиот претседател заедно“, рече Трамп.
Претходно во интервју за радио Фокс, Трамп напомена дека во зависност од овој состанок, односно ако помине добро, ќе го повика и украинскиот претседател Зеленски и ќе договори нов. Исто така додаде дека шансите за состанокот да не успее се 25%. Порача дека во решавањето на прашањето за границите меѓу двете земји, ќе мора да има „отстапки од двете страни“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ: NVIDIA СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО…
Управниот одбор на американскиот технолошки гигант NVIDIA…
Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот…
Разговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и…
АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД…
Соединетите Американски Држави наводно се подготвени да…
Охриѓанец исчезнал од семејниот дом, полицијата трага…
На 10.11.2026 година, во 17:00 часот, во…
Иран отвори прв воен камп за обука…
Иран го отвори својот прв воен камп…