Објавено на:

Трамп го прашал Столтенберг за номинација за Нобелова награда за мир

t

Доналд Трамп минатиот месец „од никаде“ му се јавил на норвешкиот министер за финансии Јенс Столтенберг за да го праша за номинација за Нобелова награда за мир, објавија норвешките медиуми.

„Додека министерот Столтенберг шетал низ Осло, Трамп ненадејно му се јавил за да му каже дека сака Нобелова награда и да разговараат за царини“, објави весникот „Дагенс нерингслив“, повикувајќи се на неименуван извор.

Весникот додава дека тоа не било првпат Трамп да му го постави ова прашање на Столтенберг, поранешниот генерален секретар на НАТО. Тој потврди дека разговарал со Трамп за царини и економска соработка во пресрет на неговиот повик со премиерот Јонас Стере.

„Нема да навлегувам во деталите на нашиот разговор“, кажа Столтенберг.

Трамп постојано истакнува дека сака да остане запаметен како миротворец и оваа година помогна да заврши кратката војна помеѓу Камбоџа и Тајланд и да се потпише мировен договор помеѓу Ерменија и Азербејџан. Тој досега неколкупати се пожалил што не добил Нобелова награда за мир.

„Не, нема да добијам Нобелова награда за мир, без разлика што ќе направам, вклучувајќи ги Русија/Украина и Израел/Иран. Но, луѓето знаат и тоа е сè што ми е важно“, напиша тој на својата социјална мрежа во јуни.

ИЗВОР: СДК

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ: NVIDIA СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО…

Управниот одбор на американскиот технолошки гигант NVIDIA…

Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот…

Разговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и…

АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД…

Соединетите Американски Држави наводно се подготвени да…

Иран отвори прв воен камп за обука…

Иран го отвори својот прв воен камп…