Хаосот во Демир Хисар продолжува: Кривична пријава за дирeкторката, ги криела службените печати

t

Хаосот во Демир Хисар продолжува.

Дирекотрката Маја Лозановска која изминатиот период е центар на внимание во медиумите, поради случајот со нејзиното разрешување од средното училиште во Демир Хисар, денеска доби пријава од страна на ОВР Демир Хисар за „одземање или уништување службен печат или спис“

Денеска ОВР Демир Хисар до ОЈО Битола поднесе кривична пријава против М.Ј.(57) од Демир Хисар за сторено кривично дело „одземање или уништување службен печат или спис“ по член 390 од КЗ, информираа од МВР.

Пријавената во периодот од 06.08.2025 до 13.08.2025 година противправно ги криела службените печати, сопственост на СОУ „Крсте Петков Мисирков“ од Демир Хисар, со што направила службените печати да бидат неупотребливи и со нив да не може да раководи новоименуваната директорка Ј.Д. (43), назначена за в.д. директор на СОУ „Крсте Петков Мисирков“ во Демир Хисар со одлука од страна на општина Демир Хисар од 05.08.2025, појаснуваат од полицијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ГЕРМАНИЈА ВО СЕПТЕМРИ НА ИЗБОРИ СЕ СООЧУВА…

Етаблираните партии, оние кои сега се власт…

Борот алепо повторно „дежурен виновник“ за пожарите…

Борот алепо повторно е посочен како „главен…

„Би-би-си“ откри скандал во Пакистан: Употребата на…

Болница во Пакистан користела исти шприцови за…

Зетот на Трамп се сретна со лидерот…

Зетот на Доналд Трамп и американски преговарач…

Ноќеска активни се пет пожари

Центарот за управување со кризи попладнево информира…