Зеленчукот за една година поскапел неверојатни 63,3 проценти

t

За една година, од јули лани до крајот на јули годинава, зеленчукот поскапел за драстични 63,3%, а кај овошјето, растот изнесува 33,2 отсто. Вината во изминатава година поскапеле за 18 проценти, пресметал Државниот завод за статистика.

Според овие податоци, цените на житата и оризот се зголемиле само за 2,2%, а на компирот за 7,1% на годишно ниво.

Статистика бележи вкупен годишен раст на цените на растителното земјоделското производство од 39,9%, додека кај добиточната храна тој раст изнесува 6,5%.

Намалување на цената од 5,7% има кај енергијата, за 1,4% кај средствата за заштита на растенијата, како и кај семињата од 0,3% и кај ѓубривата од 0,6%, пишува во соопштението од ДЗС.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Мицкоски јасно порача платите нема да…

Додека Мицкоски анализира граѓаните едвај врзуваат крај…

Путин: Инфлацијата во Русија опаѓа, невработеноста на…

Инфлацијата во Русија опаѓа, а до крајот…

Со финансов директор политиколог ЕСМ стана најголем…

Лошите кадровски политики на власта очигледно вродија…

Три причини зошто американскиот долар губи вредност,…

Со децении, американскиот долар се смета за…