Рама со ветување до настраданите во пожарите: Секој што изгубил куќа, ние ќе му ја изградиме бесплатно
Рама со ветување до настраданите во пожарите: Секој што изгубил куќа, ние ќе му ја изградиме бесплатно.
По катастрофалните пожари кои деновиве зафатија делови од Албанија, уништувајќи домови и имоти, премиерот Еди Рама излезе со силно и директно ветување до сите настрадани граѓани. Во објава на социјалните мрежи, тој најави дека државата целосно ќе ги обесштети сите што претрпеле штета, вклучително и бесплатна обнова на секој уништен дом.
Бесплатна обнова и обештетување за сточарите
„Кој и да го изгубил својот дом, ќе го обновиме бесплатно, кој и да изгубил добиток, ќе го рефинансираме еден по еден“, напиша Рама на социјалните мрежи. Оваа мерка, како што појасни министерот за одбрана Пиро Венгу, ќе се спроведува преку општините. Ќе се формираат посебни комисии за проценка на штетите на куќи, инфраструктура, бизниси и земјоделски култури, по што ќе следува обештетување од општинските фондови за цивилна заштита, поддржани од државниот буџет.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рама со ветување до настраданите во пожарите:…
Рама со ветување до настраданите во пожарите:…
Путин: Конфликтот во Украина немаше да се…
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека е…
Трамп и Путин не постигнаа историски договор…
Рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател…
Шестмина припадници на полицијата се повредени за…
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица…
Дојава за бомба во авион на скопскиот…
Денеска (16.08.2025) во 02:41 часот на телефонскиот…