Трамп „миротворецот“: Си ми вети дека Кина нема да го нападне Тајван за време на мојот мандат
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговиот кинески колега Си Џинпинг му рекол дека Кина нема да го нападне Тајван додека тој е на функција.
Трамп ова го кажа во интервјуто за Фокс њуз, по разговорот со рускиот претседател Владимир Путин за руската инвазија на Украина.
„Ќе ви кажам, знаете, имате многу слична работа со претседателот Си за Кина и Тајван, но не мислам дека постои можност тоа да се случи додека сум тука. Ќе видиме“, рече Трамп за време на интервјуто за Фокс њуз.
„Тој ми рече дека никогаш нема да го направам тоа додека сте претседател. Претседателот Си ми го кажа тоа,на што јас одговорив дека го ценам тоа. Но, тој, исто така, ми рече: Јас сум многу трпелив, а Кина е многу трпелива“, додаде Трамп.
Кина го смета Тајван за своја територија и вети дека ќе го „обедини“ демократскиот и одделно управуван остров, со сила доколку е потребно.
Кинеската амбасада во Вашингтон вчера го опиша прашањето за Тајван како „најважното и најчувствително прашање“ во односите меѓу Кина и САД.
„Владата на САД треба да се придржува до принципот на една Кина и трите заеднички коминикеа меѓу САД и Кина, разумно да се справува со прашањата поврзани со Тајван и сериозно да ги заштитува односите меѓу Кина и САД, како и мирот и стабилноста во Тајванскиот теснец“, изјави портпаролот на амбасадата, Лиу Пенгју.
Иако Вашингтон е главен снабдувач со оружје на Тајван и меѓународен поддржувач, САД – како и повеќето земји – немаат формални дипломатски врски со островот.
МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ: NVIDIA СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО…
Управниот одбор на американскиот технолошки гигант NVIDIA…
Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот…
Разговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и…
АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД…
Соединетите Американски Држави наводно се подготвени да…
Охриѓанец исчезнал од семејниот дом, полицијата трага…
На 10.11.2026 година, во 17:00 часот, во…
Иран отвори прв воен камп за обука…
Иран го отвори својот прв воен камп…