На „Табановце“ се чека околу 40 минути за излез од државата
Зголемена е фреквенцијата на возила во земјава. На граничниот премин Табановце времето на чекање за излез е околу 40 минути, додека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.
Како што информира АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, а интензитетот на патиштата надвор од градските средини е зголемен.
Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На „Табановце“ се чека околу 40 минути…
Зголемена е фреквенцијата на возила во земјава.…
Сè уште гужва на границите – се…
Од Авто мото сојузот на Макеодонија информираат…
Гужва на ГП Табановце и Богородица
На граничните премини Табановце и Богородица утринава…
На граничниот премин Табановце се чека 20-ина…
Сообраќајот на државните патишта се одвива по…
За влез во Македонија на „Табановце“ вечерва…
На граничниот премин Табановце се бележи зголемена…