„Србија не може да се смири“: Протести во десет градови!
Студентите во блокадата го почнаа протестит наречен „Србија не може да се смири“, кој се одржува на неколку локации во Белград и во девет други градови низ земјата. Причината, велат тие, е прекумерната употреба на полициска сила и нападите врз демонстрантите од страна на маскирани насилници и поддржувачи на Српската напредна партија.
Поголемиот дел од собирите започнуваат во 20 часот, а особено голем се очекува во Ваљево, каде што граѓаните ќе протестираат против, како што тврдат организаторите, бруталноста и малтретирањето на полицијата кон секој што не се согласува со режимот на претседателот Александар Вучиќ, вклучително и малолетници.
Протестите во Србија повторно се разгореа по зголеменото насилство од страна на режимот на Вучиќ, и траат од ноември минатата година, кога 16 лица загинаа при падот на настрешницата на станицата во Нови Сад.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Србија ќе избира претседател на 27 декември:…
Претседателот на Народното собрание на Србија, Александар…
Вучиќ по апсењето на уредникот на „Информер“:…
Поранешниот српски претседател Александар Вучиќ синоќа речиси…
ЕУ предлага санкции за една банка и…
Европската комисија предложила воведување санкции за една…
Чупиќ за германски медиуми: Србија нема да…
„Во нашата изборна програма јасно ставивме до…
Уредникот на Информер ќе биде задржан поради…
Драган Ј. Вучиќевиќ, сопственик и главен уредник…