Објавено на:

Му откажаа бубрезите на брутално претепаното момче во Ваљево

t

Потпретседателот на Демократскатра партија во Србија, Миодраг Гавриловиќ, изјави дека шеснаесетгодишното момче кое беше претепано на протест во Ваљево е во многу сериозна состојба и дека бубрезите му откажале.

„Невидено полициско насилство е регистрирано овие денови во Ваљево. Момчето А.Р. кое беше брутално претепано во Ваљево е родено во 2009 година, има само 16 години и е во многу сериозна состојба бидејќи бубрезите му откажале“, напиша Миодраг Гавриловиќ, поранешен пратеник и потпретседател на Демократската партија на социјалната мрежа X.

Според Гавриловиќ, тој бил префрлен во Белград во приватна болница и е во исклучително сериозна состојба, бидејќи бубрезите му откажале.

„Би ги замолил сите граѓани да бидат обединети и да дадат секаква можна помош и поддршка. Тој не е сам“, додаде Гавриловиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Србија ќе избира претседател на 27 декември:…

Претседателот на Народното собрание на Србија, Александар…

Вучиќ по апсењето на уредникот на „Информер“:…

Поранешниот српски претседател Александар Вучиќ синоќа речиси…

ЕУ предлага санкции за една банка и…

Европската комисија предложила воведување санкции за една…

Чупиќ за германски медиуми: Србија нема да…

„Во нашата изборна програма јасно ставивме до…

Уредникот на Информер ќе биде задржан поради…

Драган Ј. Вучиќевиќ, сопственик и главен уредник…