Објавено на:

Израелската армија почнува да ги преселува Палестинците: Се подготвува напад врз Газа

t

Жителите на Газа ќе добијат шатори и друга заштитна опрема почнувајќи од утре пред нивното преместување од борбените зони во „безбедните“ области на југот од енклавата, изјави портпарол на израелската војска.

Одлуката доаѓа неколку дена откако Израел објави дека има намера да започне офанзива за преземање на контролата врз северниот дел од градот Газа, најголемиот урбан центар на енклавата и дом на околу 2,2 милиони луѓе, во план што ја вознемири меѓународната заедница.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави во неделата дека цивилите ќе бидат евакуирани во она што тој го нарече „безбедни зони“ подалеку од градот Газа, кој го нарече последно упориште на Хамас, пред да ја започне офанзивата.

Обединетите нации и другите меѓународни агенции за помош ќе достават заштитна опрема преку преминот Керем Шалом во јужна Газа откако ќе биде проверен од персоналот на израелското Министерство за одбрана, соопшти војската.

Армијата одби да коментира дали опремата е наменета за жителите на градот Газа, кои бројат околу еден милион, и дали местото каде што ќе бидат преместени е во јужна Газа, Рафа, која граничи со Египет. Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави во саботата дека плановите за нова офанзива се уште се во тек.

Сепак, израелските сили веќе ги засилија операциите во предградијата на градот Газа во текот на изминатата недела. Жителите на населбите Зејтун и Шеџаја пријавија тешки израелски напади и тенковски оган што уништија голем број куќи.

Израелската војска вчера соопшти дека започнала нова операција во Зејтун за лоцирање експлозиви, уништување тунели и убивање милитанти во областа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израелската армија почнува да ги преселува Палестинците:…

Жителите на Газа ќе добијат шатори и…

Нетанјаху: Можеме да ги бомбардираме, можеме да…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел…

Трамп би сакал Израел да дозволи меѓународни…

Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека би…

Нетанјаху: Нашата визија е Голем Израел

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека се…

Израел преговара со Јужен Судан за преселување…

Израел води преговори со Јужен Судан за…