Секој ден сме на гробишта, доволно ни е тага и болка: Мајка замолува за емпатија од народот
Редакцијата на Инфомакс, на пет месеци по трагедијата од која се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани, разговараше со родителите на жртвите.
„Целта на маршевите, не е да ја разбудиме актуелната влада, влада ќе биде оваа, ќе дојде друга. целата на маршевите е да се подигне свеста на народот“ – објаснува една од мајките на жртвите во дискотеката „Пулс“
„Гледате дека на последните маршеви се повеќе се намалува бројот на луѓе кои не поддржуваат, не мора да се инволвирани во трагедијата, ама треба сите да се свестат за промени во ова опшество. Нашата држава има многу убави закони, само треба некој да ги почитува. Треба да се смени се од корен за да бидеме ние безбедни.“ – продолжува таа
„За да се подигне свеста на актуелната власт, треба да се подигне свеста на обичните граѓани прво. Разбираме дека не можат сите да дојдат, ама барем тие што се од Кочани нека дојдат да не поддржат тој еден саат додека сме на улица. Ние родителите сме се уште под терапија.“
„Многу често кога ќе се објави за маршот ни коментираат „пак ли овие“ , „одете жалете си ги децата“, ете снимајте, ние секое сабајле и секоја вечер сме тука на гробишта. Ние имаме и други деца за кои треба да се грижиме, тие се истрауматизарани, а и ние родителите кои таа вечер таму си ги баравме телата на мртвите деца“ – завршува со солзи во очите мајката на една од жртвите во Кочани
Мајката замолува емпатијата на граѓаните да биде на повисоко ниво, затоа што доволно им е тага и болка од се што им се случи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Секој ден сме на гробишта, доволно ни…
Редакцијата на Инфомакс, на пет месеци по…
Потресно сведоштво на родителите од Кочани: Премиерот…
Редакцијата на Инфомакс, на пет месеци по…
Македонија му е „пример“ на Вучиќ кога…
Откако претседателот на Србија Александар Вучиќ најави…
Избегната катастрофа кај Брезница, пожарот се движи…
Денес се регистрирани десет пожари на отворен…
ВО ЖИВО: Разговор со родителите од Кочани…
Редакцијата на Инфомакс во ЖИВО разговара со…