Тошковски апелира: Не наседнувајте на лажни повици на измамници кои бараат пари за да „средат“ сообраќајки!
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во превентивна кампања за заштита на постарите граѓани од измами денеска со полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје во градскиот парк ја реализираше превентивно-едукативната акција „Внимавај телефонски измами“, насочена кон едукација на нашите постари граѓани кои се најчеста жртва на таквите измами.
Преку непосреден разговор и делење на едукативен материјал граѓаните беа едуцирани дека најчест вид на измама е измамата со лажна сообраќана незгода во која измамниците претставувајќи се на телефон како полицаец, адвокат, обвинител или доктор ги лажат жртвите дека нивното дете повредило некого во сообраќајна незгода и се обидуваат да извлечат пари од жртвата така што за одредена сума би му помогнале на детето кое е во неволја.
Измамниците на тој начин се обидуваат да ги злоупотребат повозрасните лица. Апелираме доколку некој добие таков повик, никако да не дава пари, да го прекине разговорот веднаш да ја повика полицијата на 112 или 192 и да ги извести и своите најблиски.
Воедно имав чест да се сретнам и со полициските службеници Кристијан Стефановски и Жико Ѓорѓиевски – хероите кои вчера ја спасија жена во водите на реката Вардар. Важноста на полицијата и нејзината вистинска сила и влијание врз животот и благосостојбата на граѓаните се гледа во најтешките човечки моменти.
На колегите им честитав и им потенцирав дека херојските дела како нивното, кога директно се спасува човечки живот е повеќе од службено постапување, тоа е вистинска пожртвуваност и посветеност кон мисијата да се чува безбедноста и сигурноста на секој граѓанин и целото општество. Во рамките на законските можности ќе бидат наградени како признание за нивната херојска постапка која го потенцира хуманиот аспект на полициската професија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тошковски апелира: Не наседнувајте на лажни повици…
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во…
Макрон: Путин не сака мир, туку капитулација…
Целта на разговорите во Вашингтон во понеделник…
Во напад во Газа убиени 42 лица,…
Во израелски напади изведени од раните утрински…
Прекинат транспорт на наркотици по балканска маршрута,…
Романската полиција одзела повеќе од 66 килограми…
Студентите со рекација до Вучиќ: Државата победи…
На официјалниот профил на мрежата X (поранешен…